Македонија

Мицкоски за градоначалникот на кој му се слоши: Се договоривме дека нема да го прескокнува појадокот

На денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ пред Белата палата му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Прв кој примети дека тој не е добар и губи свест е градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Стојкоски веднаш изреагира за да му помогне на Папазов, кој беше легнат на земја. Други пратеници, пак, истрчаа да донесат вода за нивниот колега. Мицкоски веднаш штом ги забележа случувањата зад него ја прекина прес-конференцијата и се упати кон Папазов по што му помогна по што го крена во раце.

Подоцна Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил соопшти дека се е во ред со Папазов и му порача да не прескокнувал доручек.

„Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот“, сподели Мицкоски.

На почеток