Русија веќе три недели бележи повеќе од 1.000 смртни случаи од Ковид на ден, а во изминатите 24 часа починаа 1.190 луѓе.
Вкупно 248.004 пациенти со Ковид починале од почетокот на пандемијата, пренесуваат руските агенции податоци од кризниот центар за борба против корона вирусот.
Потврдени се 39.400 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 8.834.495.