Македонија

Таравари: Заев денес сам ќе даде оставка

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата за Албанците, тврди дека опозициските партии во парламентот преговараат и со пратеници на владејачките СДСМ и ДУИ за изгласување недоверба на актуелната влада. Разговорите со овие пратеници, како што вели, биле на нивна иницијатива.

„Заев на 31 октомври вечерта најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесирана и нема да има потреба од гласање доверба на Владата. Според некои информации, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада“, изјави Таравари.

На почеток