Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи во Лаконија, а епицентарот бил на 8 километри југоисточно од Неапол.
Според процената на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот што се случил во 11.12 часот бил на длабочина од 47 километри, пренесува „Катимерини“.
Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил во близина на населбите Агиос Николаос и Веланидија на полуостровот Ватика, а потресот бил почувствуван во целото подрачје на Лаконија.