Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Германските стопанственици загрижени за недостатокот на струја во Македонија

И германските стопанственици загрижени за состојбата со недостаток на струја во Македонија, Заев ја донесе државата во неизвесност, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Патрик Мартенс предупреди дека земјава троши двојно повеќе струја од што произведува, и државата се носи во нестабилност.

Заев наместо да се насочи на инвестиции во енергетиката во изминативе години се насочи на тендерите во РЕК.

Наместо да се инвестира во нови машини и механизација за РЕК, струмички камиони вртеа во комбинатот, а фирми блиски до Вице земаа тендери.

Во сред грејна сезона на депонијата во РЕК Битола нема јаглен, ТЕЦ Неготино е неспремно, а хидроакумулациите се празни.

Заев не знае како да ја реши кризата. Со Заев тонеме“, се вели во соопштението.

На почеток