На новинарско прашање дали општината е заглавена во долгови од претходниот градоначалник, актуелниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров изјави дека долгот е 139 милиони денари и истиот уште расте.
„За жал, општинските долгови се многу големи. Со пресекот кој го добив утрово, до 31.10, по доспеани фактури, долгот изнесува околу 139 милиони денари, неплатени парични побарувања. Тоа е голема сума на пари. Негде над 2 милиони евра. Дополнително имаме скоро исто толкава сума на пари по однос на склучени договори, но тоа зависи како ќе се реализира со понатамошниот дел од буџетската година. Тоа што го разговарам со луѓето од Секторот за финансии се очекувања, ова што го кажав како затекнати и неплатени долгови, да стигне повеќе од 180 милиони до крајот на годината. Но, за тоа ќе можеме релевантно да кажеме по пресекот на четвртиот квартал. Дополнително на тоа, имаме четири кредити, дел завршуваат наредната година, дел почнуваат по период од една до две години. За жал, финансиската позиција на Ѓорче Петров не ни е сјајна. Затоа ќе мораме да се однесуваме подомаќински и поодговорно, доколку сакаме, а сакаме да излеземе во пресрет на реалните потреби кои ги имаат граѓаните во Ѓорче Петров и да реализираме капитални проекти“, кажа Алекснадар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.