Уапсен шефот на Ал Џезира во Судан
Од
Објавено на
Шефот на „Ал Џезира“ во Судан, Ел Мусалми Ел Кабаши е уапсен кога безбедносните сили упаднале во неговата куќа, објави денеска ТВ мрежата.
Ал Џезира засега не соопшти други детали.
Судан е потресен од немири, а вчера пет демонстранти беа убиени за време на протестите во Картум и други градови.
Продемократските демонстранти вчера излегоа на улиците за да протестираат против военото преземање на 25 октомври, кога беше соборена преодната влада и беа уапсени десетици функционери и политичари.