Македонија

(ВИДЕО) КОД: „Мојот син по вторпат убиен, првпат од несовесен, брз возач, сега од судот“

За две предизвикани жртви на улична трка, возачот кој се движел со 106 километри на час, во охридскиот суд доби условна казна. Трагедијата се случи минатото лето на патот Охрид –Пештани, а за КОД тешко повредените девојки и роднините на загинатите момчиња раскажуваат како го преживеале судскиот процес и несреќата.

Тогаш згаснаа животите на две млади момчиња, три девојки претрпеа тешки телесни повреди со сериозни последици.

Во пресудата пишува дека обвинетиот Ангелоски, со својот автомобил Голф, престигнувајќи друго возило Фолксфаген со бризна од 106 км на час каде е дозволено 60, удрил во Ситроен Ц3 со кој управувал Иван Корач на местото каде регионалниот пат се вкрстува со спореден пат од комплексот Инекс.

По ударот, Ситроенот се забил во билбордот од десната страна на патот, а Голфот во оградата од левата страна.

Животот на 27 годишниот битолчанец Иван Корач згасна во болница, 6 часа по несреќата. Младото момче не успеа да се избори со тешките повреди на глвата, кога од силниот удар настапи крварење и нагмечување на мозкот. Милан кој беше на совозачкото седиште во Цитроенот, му подлегна на речеиси истите повреди како и Иван, но еден месец подоцна. Родителите на двете млади момчиња, велат дека тагата и болката се преголеми, но силно боли и неправдата.

-Мојот син е по вторпат убиен, еднаш убиен од несовесниот возач, вторпат убиен од судијата. Ова е доказ дека овде нема правда и дека правдата секој треба да си ја земе во свои раце, вели Владимир Корач, татко на починатиот Иван Корач.

-Преголем шок, не можев да верувам дека во оваа држава толку се евтини човечките животи. Со ваква прессуда нашето судство кажува дека секој може што сака да прави, условно ќе одгвора, што значи нема да одговара, вели Љубиша Стојановски, татко на настраданиот Милан.

Трите девојки кои седеле на задното седиште во Цитроенот, ја преживејаа несреќата, но со тешки телесни повреди.

На почеток