ФОТО: Со развиени знамиња и полно срце радост се слави победата на Македонија низ Скопје
Без прослава на плоштад, но со развиени знамиња низ сите скопски улици се одбележува побадата на Македонската репрезентација во дуелот со Исланд.
На булеварите Илинденска и Партизанска скоро сите автомобили свиреа во знак на радост поради победата на Макеоднија и пласманот во баражот за СП 2022 година.
Низ улиците дел од навивачите кои ја напуштија арената Тодор Проески“ пееја и навивачки песни.
Иако пред час и половина скопските улици беа речиси празни бидејки треаеше дуелот, по неговото завршување имаше и гужви, но и блокирани улици бидејки навивачите ја напуштија арената.
Инаку сите карти за мечот, односно 50% од целиот капацитет беа распродадени за два дена.