Македонија

Познато кога СДСМ ќе пресече кој ќе биде нов претседател на партијата

По завршувањето на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, премиерот Зоран Заев најави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.

– Димитар Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии. Тој е член на Извршниот одбор, член на раководството на СДСМ. И денеска е во тоа својство овде. Секако тој е и претседател на Комисијата за финансии, член и на штабовите на СДСМ и еден од моите први соработници. А СДСМ ќе си одлучи преку членството по пат на непосредни избори кој ќе биде следниот претседател на СДСМ – рече Заев.

На почеток