Фрлил цигара во нива со сува трева и предизвикал пожар
Од
Објавено на
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(70) од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 24.09.2021, пријавениот фрлил цигара во нива обрасната со сува трева, при што настанал пожар во кој изгореле 5.000 бали сено, 20 дрвени маси, 80 дрвени столици, 20 тони жито, 20 дрвени оплати, машина за сечење железо и целосно изгорел кровот на штала“, наведено е во соопштението.