Полска ни донираше 200.070 вакцини Фaјзер
Министерот за здравство преку социјалните мрежи се заблагодари на Република Полска за донацијата на вакцини.
„Голема благодарност до полскиот народ, Република Полска за оваа значајна донација од 200.070 вакцини од производителот Фајзер. Пријателска помош и меѓународната соработка се клучни во борбата со Ковид 19. Денеска на средбата со првата дама на Република Полска г-ѓа Агата Корнхаузер-Дуда, првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, упативме порака до сите за важноста и ефикасноста на вакцините. Ги охрабруваме граѓаните да се вакцинираат и да спречат повторно да се соочиме со голем број заболени“, стои во објавата