Македонија

Возел со туѓи таблички, па удрил во малолетник и избегал

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ и „фалсификување исправа“ и против Ш.Ј.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено ккривично дело „фалсификување исправа“.

На 30.09.2021 на ул.„Шишка“ во Кавадарци, првопријавениот, управувајќи патничко возило „југо“, удрил во малолетен пешак и му нанел тешки телесни повреди, по што го оставил возилото и заминал. По преземени мерки било утврдено дека регистарските таблички не биле од неговото возило, односно второпријавениот му ги дал табличките од своето возило.

На почеток