Свет

Макрон: Нема да воведеме карантин за невакцинираните

Франција нема да ги следи европските земји кои воведуваат мерки за изолација за невакцинираните против Ковид 19, изјави претседателот Емануел Макрон.

– Земјите кои заклучуваат невакцинирани се оние кои немаат воведено ковид пропусници. Поради таа причина, овој чекор не е неопходен во Франција – изјави Макрон за весникот „Воа ди Нор“ во интервју објавено во четвртокот, пренесува Ројтерс.

Европа повторно стана епицентар на пандемија, што ги натера некои земји повторно да воведат ограничувања пред Божиќ и да започнат дебата за тоа дали само вакцините се доволни за да се запре Ковид-19, а на почетокот од оваа недела Австрија воведе карантин за луѓето кои не се вакцинирани против корона вирусот.

Белгија ги заостри ограничувањата поради корона вирусот, наредувајќи поширока употреба на маски со воведување работа од дома како обврска.

Главниот кандидат за иден германски канцелар, Олаф Шолц, денеска предупреди дека земјата мора да се подготви за остри мерки во наредните месеци, за да се справи со новиот бран на корона вирусот.

На почеток