Партнерот на Бекута во критична состојба, приклучен на респиратор
Почесениот претседател на Социјалистичката партија на Србија и српски политичар Милутин Мркоњиќ – Мрка е приклучен на респиратор, откако му се влошила состојбата. Тој е сместен во Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ веќе подолг период поради проблеми со срцето и крвните садови, пренесуваат српските медиуми.
Вчера „Дедиње“ соопшти дека неговата состојба е сериозна, а лекарите ги преземаат сите неопходни мерки за интензивно лекување. Според нив, се наоѓа во критична здравствена состојба, поради опуштање на срцевиот мускул. Тие додаваат иако прима соодветна терапија, сепак нема подобрување.
„Ана е со него, но и внуците кои ја поддржуваат, иако е свесна колку е тешка ситуацијата“, изјави близок извор.