Антиваксерите во Виена утре на протест, од понеделник локдаун
Два дена пред локдаунот, кое стапува на сила во понеделник, антиваксерите и противниците на мерките за корона утре организираат протести во центарот на Виена.
Се планира да се движат неколку поворки низ центарот на градот со илјадници учесници, меѓу кои и десничарски екстремисти.
Партијата на слободата на Австрија (ФПО) повика на најголем протест, кој ќе се собере на плоштадот Хелденплац, од каде ќе се движи по централната улица на Виена, Ринг.
Организаторите на протестот очекуваат најмалку 10.000 учесници.
Уште една поворка ќе се движи низ Ринг до Хелденплац, а организаторите очекуваат околу 3.000 учесници.
Портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих, вели дека тактиката е да се пријават неколку собири со цел да се отежни работата на полицијата.
Полицијата во сабота ќе има повеќе од 1.300 службеници за спроведување на законот во центарот на градот. Според важечките епидемиолошки мерки, учесниците на протестот ќе треба да носат маски ФФП2, кои полицијата ќе ги контролира.
Одделно ќе се проверуваат и автобусите кои подлежат на правилото 2G ť, па патниците кои не се вакцинирани нема да можат да патуваат.
Се очекување е учесниците на протестот да не се придржуваат до епидемиолошките мерки, па можно е да дојде до судир со полицијата.