Македонија

Заев му честиташе на Радев: Бугарија и Македонија ќе продолжат низ дијалог да бараат решенија

Премиерот Зоран Заев телефонски му ја честита победата на Румен Радев.

„Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина“, објави Заев на својот Фејсбук профил.

На почеток