Македонија

Македонска компанија го градела патот во Бугарија

Македонската компанија „Маврово“ го изградила патот каде се случи страшната автобуска несреќа во која загинаа 45 лица, пишува „24 часа“.

Тој не бил сертифициран како автопат поради лошиот квалитет. Пред 15 години возачите го предупредија тогашниот министер за транспорт Петар Мутафчиев дека патот е опасен и дека е само прашање на време кога ќе се случи несреќа.

Подоцна, Министерството за регионален развој и јавни работи соопшти дека министерката за услуги Виолета Комитова побарала увид на патната делница.

На почеток