Владата ќе покрие половина од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците
Владата соопшти дека денеска ја донела програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2021 година, во насока на заштита на плурализмот од областа на медиумите.
Програмата предвидува поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми кои се издаваат на македонски јазик во висина до 50% за направените трошоци за печатење и во висина до 50% за трошоците за дистрибуција, додека на печатените медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во висина не помалку од 50%, но не повеќе од 70% за направените трошоци за печатење и во висина не помалку од 50% но не повеќе од 70% за трошоци за дистрибуција, согласно доставените фактури за календарската 2020 година.