Магазин

Во петок поетско читање во чест на Блаже Конески

Во петок, на 21 декември, со почеток во 12 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија ќе се одржи поетско читање во чест на Блаже Конески под наслов Џиџиња од зборови, во духот на една негова песна од стихозбирката „Црн овен“ од 1993 година.

Стихови од Конески по свој избор и сегменти од сопственото творештво ќе читаат писателите: Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски, Ана Мартиноска, Атанас Чуповски, Магдалена Хорват, Иван Додовски, Жарко Кујунџиски, Јулијана Величковска, Живко Гроздановски и Драгана Евтимова.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток