Mалолетници краделе пари од цркви
Од
Објавено на
СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 11.07.2021 до 25.07.2021, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во с.Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во с.Туденце и одзеле пари. Во присуство на нивните родители, инспектор по малолетничка деликвенција при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово со пријавените бил извршен службен разговор.