Силен земјотрес на границата на Индија и Мјанмар
Од
Објавено на
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди реонот на границата меѓу Мјанмар и Индија, соопшти Индискиот национален центар за сеизмологија.
Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Читагонг, во соседен Бангладеш, па дури и во Калкута, во источниот дел на Индија.