Македонија

ВМРО-Народна партија: ГМО производството ќе го наруши здравјето на граѓаните

ВМРО-Народна партија реагира во однос на наводите од страна на директорот на АХВ за можното бришење на членот 55 од Законот за безбедност на храната кој се однесува на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храната и производи од храна која содржи ГМО.

„Многубројни истражувања од регионот докажуваат за штетното влијание на ГМО храната врз човековиот организам, особено за зголемените ризици од заболување на рак, генетски мутации и опасноста од прекумерна тежина.

ВМРО-Народна партијаа предлага да се воведе мораториум по прашањето за ГМО храната во траење од пет години се додека не се извршат дополнителни истражувања во однос на опрвданоста од воведувањето на ГМО производство во нашата држава.
Сметаме дека ГМО производството ќе доведе до губење на македонските автохтони органски производи, кои години наназад државата се бори да ги одржи во живот и ќе нанесе огромни штети по здравјето на луѓето во Македонија“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток