Свет

Комуникацијата меѓу лидерите не се врши на Твитер, Макрон го искритикува Џонсон

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека писмото испратено од британскиот премиер Борис Џонсон, во кое тој ги критикува постапките на Париз во врска со ситуацијата со илегалните мигранти, не е сериозен начин за решавање на работите.

„Изненаден сум кога работите не се сфаќаат сериозно, комуникацијата меѓу лидерите не се врши преку твитови или објавени писма“, рече Макрон на заедничката конференција со италијанскиот премиер Марио Драги, пренесе Ројтерс.

Во своето писмо до претседателот Макрон, Џонсон предложи пет чекори за да се избегне повторување на трагедијата во средата, кога 27 мигранти се удавија во Ла Манш.

Меѓу предложените мерки се и активирање на заеднички патроли за да се спречи напуштање на повеќе бродови на францускиот брег, како и примена на најнапредната технологија, како сензори и радари.

Се предлагаат и меѓусебни поморски патроли во меѓусебните територијални води и воздушно набљудување, како и поголема соработка меѓу заедничките разузнавачки служби.

Тој предложи и преговори за договор меѓу Обединетото Кралство и ЕУ за враќање на бегалците.

„Договорот со Франција за прием на мигранти кои го минуваат каналот на оваа опасна рута ќе има автоматско и значително влијание“, се вели во писмото Џонсон.

На почеток