Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 25 декември 2018 година (вторник), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.