Коронавирус

Каде е детектиран новиот опасен вид на коронавирус

Новата мутација е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг Конг (еден). Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата варијанта кај две лица.

Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.

Франција исто така ги прекина летовите до овој дел од светот. Холандија ги стави во карантин сите патници од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и од Јоханесбург. Од вкупно 600 патници, 61 се позитивни на ковид, и се прави секвенционирање да се утврди дали некој од нив е заразен со новиот сој.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ во соработка со земјите членки ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.

На почеток