Собрани големи количини на секаков вид отпад.
ЈКП “Гази Баба 2007” продолжи со расчистување на дивите сметлишта во населба Керамидница.
Во изминатите два дена беше опфатен и кејот на реката Вардар на потегот од МРТВ до Хотел Русија, од страната на населба Керамидница.
Ваквите акции на ЈКП “Гази Баба 2007” континуирано ќе продолжат и во иднина.