Македонија

19 починати од коронавирус

Во последното деноноќие се регистрирани 333 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.547 тестирања, информира Министерството за здравство. Најмногу нови дијагностицирани има во Скопје – 152. Во Битола се 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес – 8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6, Крива Паланка – 5, Тетово и Струга – по 4, Виница – 3, Гевгелија, Демир Хисар и Крушево – по 2, Кичево, Неготино, Берово, Кратово и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица – 6 починати лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), 5 починати лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86), 2 починати лица од Велес (38г и 72г) и по едно починато лице од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г) и Македонска Каменица (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

На почеток