Скопје

Стојкоски: Да фатат и да си го соберат отпадот, излезен е од нивната обложувалница

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на социјалните мрежи објави фотографии од куп фрлени листови од спортска обложувалница. Тој побара да го соберат отпадот бидејќи ова однесување е недозволиво.

„Наспроти нашиот труд да имаме чиста општина, секојдневно наидуваме на купови отпад пред стопански субјекти од различен вид.
Денеска, куп листови брендирани со MaxBet Makedonija, на патеката до нивниот објект.
Недозволиво е ваквото однесување. Да фатат и да си го соберат отпадот, бидејќи секако излегол од нивната обложувалница!
Ако ние како жители и одговорни лица не знаеме да ја одржиме чистотата во општината, ниту со сто комунални работници – нема да се постигне за се собере целиот отпад“, стои во објавата.

На почеток