Скопје

(ФОТО) Уништен детски парк во Козле, Јакимовски револтиран: Ова е трет случај за 10 дена

Вандали целосно го уништиле детскиот парк во близина на паркот Македонија, објави попладнево градоначалникот Стевче Јакимовски.

„По дојава на жители на урбана заедница КЈП направив обиколка во близина на паркот Македонија.

Го затекнав паркчето за дечиња целосно уништено. Не можам да си поверувам каков ужасен чин. Ние ќе работиме, ќе ги сервисираме и поправаме но мора и да ги чуваме реквизитите.

Не сакам ни да помислам дека намерно политчки “одредена група” се обидува да уништува општински реквизити, иако сум се соочил со слично однесување во минатото. Ова е трет сомнителен случај во изминативе 10тина дена. Предходно беше оштетен надвозникот Влајко, беа обиени канцелариите и направена материјална штета на инвентарот.

Минатата недела истотака беше и оштетено сандаче за контрола на улично осветлување во Карпош 4 и во повеќе наврати беше гасено осветлувањето на неколку улици.

Многу е сипмтоматично што во 4 години владеење на мојот претходник немаше вакви вандалски чинови додека за неколку недели од мојот мандат веќе се соочуваме со серија на инциденти од ваков карактер. Очекувам реакција од Полициска станица Карпош да отворат случај и да ги пронајдат сторителите на сите овие вандалски чинови.

Ќе бидам многу гласен во заштита на интересите на граѓаните! Ова не смее да се дозволи! Мора да се стави крај на ваквото однесување“, стои во објавата.

На почеток