Македонија

Стружанка издала лажно одобрение за управување туѓо возило

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Струга.

Пријавената, како вработена во станица за технички преглед во струшкото село Мислешево, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, на физичко лице му издала одобрение за управување на туѓо моторно возило за странски државјанин.

При контрола на граничен премин, било утврдено дека одобрението не е валидно и дека недостасуваат потписи од корисникот и сопственикот на возилото.

На почеток