Во четврток авионски ќе бидат пренесени телата на загинатите во автобуската несреќа
Од
Објавено на
Донесена е одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали а јавноста ќе биде информирана навремено истотака“, вели Османи.