Свет

Пожар во фабрика во Чиле, летовите се пренасочуваат, децата не одат во училиште

Поради огромниот пожар во фабрика во Сантијаго се подигна облак од густ сив чад, поради што некои летови беа пренасочени, а затворени се училиштата и градинките во главниот град на Чиле.

Пожарот избувнал во фабриката за градежен материјал во северниот дел на Сантијаго, а на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како црн чад се издига на небото и се шири над градот носен од ветрот, пренесува Ројтерс.

Во извештајот на противпожарната служба и канцеларијата за безбедност на меѓународниот аеродром во Сантијаго се наведува дека чадот не влијаел на работата на терминалот, но потврдува и дека некои авиони кои летале од југот кон северот на земјата биле пренасочени, соопшти локалната објави печатот.

„Советот е да не се изложуваат луѓето на чад и да ги затворите прозорците. Доколку се појават одредени здравствени проблеми, да се обратат до најблиската здравствена установа“, рече Мигел Муњоз, регионален директор на Националната канцеларија за вонредни ситуации (Онеми).

Тој ги предупреди новинарите дека сите видови чад се токсични и дека влијанието на загадувањето врз здравјето на луѓето најмногу ќе зависи од изложеноста и концентрацијата на чад, апелирајќи до граѓаните да избегнуваат физички активности на отворено.

На почеток