Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Заев соопшти што добива Алтернатива: Три министерства, три заменици-министри, директорски позиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-05-at-13.08.47

Министер за здравство, Министер за информатичко општество и администрација и министер за дијаспората, добива Алијанса со влегување во Владата, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека Алтернатива ќе добие и три заменици министри, Министерството за култура, Министерството за образование и наука и третиот ресор треба да се прецизира иако се зборувале за Министерството за земјоделството.

— реклама —

„Од поважните се МЕПСО, Фонд за пензиско и здравствено осигурување, Агенција за странски инвестиции, Тетовска болница и други“, рече Заев.

— реклама —

Гаши кажа дека неговите кадри поставени на овие функции, ќе направат се за енергетската криза да заврши, Алтернатива би била среќна ако Македонија добие датум за преговори со ЕУ.

— реклама —

Screenshot-2021-12-05-at-13.08.40

Новото мнозинство ги испорачуваме бидејќи граѓаните го бараа, смета Заев и прати порака до ЕУ и Бугарија

Премиерот Зоран Заев упати порака до Европската Унија и до Бугарија, дека во Македонија и стабилно мнозинство, а постои расположение да се надмине проблемот со разбирање и почитување, бидејќи Македонците и Бугарите се братски народи. Тој вели дека европеизација е определбата, а стабилната влада ќе го држи енергетскиот систем стабилен.„Новото мнозинство е одговор на граѓаните кои бараа стабилност. Тие бараа ние испорачуваме. Тоа е одговор на потребите на државата и предизвиците кои ни се исправени како општество. Се здруживме околу заедничката определба дека сега е најважно функционирањето на институциите до полн капацитет. Тоа е важно во време на сериозни предизвици дома и на глобален план. Имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за предизвиците, како што се почетокот на преговорите за членство во ЕУ, решавање на проблемот со Бугарија, глобалната енергетска криза и кризата од ковид-19. Едногласни сме дека потребна е Влада која испорачува резултати во интерес на граѓаните“, кажа Заев.Тој посочи дека не се потребни нови вонредни парламентарни избори, бидејќи ќе има нова криза и закочување на европските интеграции.„На нашата татковина и треба мирен и стабилен период. Затоа постигнавме договор со Алтернатива за коалиција која ќе трае до 2024 година. Нема стабилност со вонредни избори. Дел од овој договор е дека Алтернатива ќе преземе одговорности“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања