Беким Сали е името на предлогот за нов министер за здравство, кадар на Алијанса како дел од Владата. Ова го потврди и премиерот Зоран Заев. Тоа значи дека министерот Венко Филипче ќе биде сменет од функцијата, иако во неколку наврати, Заев не прифаќаше тоа да се случи посочувајќи дека тој е важен за справување со кризата предизивката од коронавирусот.
„Секако, претседателот Африм Гаши сподели нивни размислувања. Треба органи и тела да одлучуваат. Едно од решенијата е Беким Сали. За мене е прифатливо. Ние ќе разговараме и со партнерите. Во следните неколку недели ова треба да се реализира“, кажа Заев.
Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил. Во трката за градоначалник на Чаир на локалните избори беше предлог од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги изгуби изборите.
„Македонија немала подобар министер од Венко Филипче за здравство“, кажа Заев.
Заев соопшти што добива Алтернатива: Три министерства, три заменици-министри, директорски позиции
Министер за здравство, Министер за информатичко општество и администрација и министер за дијаспората, добива Алијанса со влегување во Владата, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека Алтернатива ќе добие и три заменици министри, Министерството за култура, Министерството за образование и наука и третиот ресор треба да се прецизира иако се зборувале за Министерството за земјоделството.„Од поважните се МЕПСО, Фонд за пензиско и здравствено осигурување, Агенција за странски инвестиции, Тетовска болница и други“, рече Заев.Гаши кажа дека неговите кадри поставени на овие функции, ќе направат се за енергетската криза да заврши, Алтернатива би била среќна ако Македонија добие датум за преговори со ЕУ.
Македонија | пред 4 години