Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Не уценувавме, кажа Гаши откако Заев рече дека Алтернатива добила значајни функции во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-05-at-13.08.25

Африм Гаши тврди дека не уценувал да добие повеќе функции за да влезе Алтернатива во Влада, а Зоран Заев посочи дека тие добиле повеќе од тоа што претходно имаше БЕСА како дел од Владата. Преговорите траеле две-три недели. Три дена се раазговарало за кадровските прашања, посочи Заев.

— реклама —

„Алтернатива добива доста повеќе значајни функции. Не е исто кога одиме заедно на избори, туку Алтернатива ни се придружува. Кога ќе поканите некој треба да разберете дека има дилеми дали да влезе и да го крепи парламентарното мнозинство или не. Тогаш нудите соодветно на неговите очекувања. Во разговорите водев грижа за Алтернатива. Дел од институциите ги кажав. Тие се повеќе од тоа што БЕСА имаше како коалиционен партнер. Условот на Алтернатива беа програмските определби“, кажа Заев.

— реклама —

„Во преговорите немавме уценувачки пристап, знаејќи каква е ситуацијата не сме настапиле да бараме многу повеќе функции. Првиот дел беше најважен, програмските определби, вториот дел се одговорностите, разговаравме начелно бидејќи за нас ова ново мнозинство ќе биде бродот во кој ние ќе патуваме, не сакавме да го разнишуваме“, кажа Гаши.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања