Македонија

Деспотовски уште не победил, бара детали какви заменици треба да има во СДСМ

Јован Деспотовски, актуелен в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, преку социјалните мрежи им се обрати на членовите и симпатизеерите на СДСМ и им порача да достават предлози какви заменици треба да има во партијата.

„Почитувани членови, симпатизери на СДСМ и сограѓани.
Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши симпатизери и сограѓани да достават свои предлози за тоа КАКОВ заменик на Претседател, Генерален секретар и Потпретседатели ни се потребни. Кои човечки но и политички особини, каков карактер и етички норми треба да имаат, и каква биографија да поседуваат.На СДСМ и државата не и требаат готови, претходно дизајнирани кадри, туку чесни и успешни и заеднички прифатливи кадровски решенија.
Ги очекувам вашите пораки овде или на мејл – [email protected]
Започнуваме со практична реализација на еден од основните столбови на #Концепт28. Лојалност кон државата, партијата и сограѓаните“, стои во објавата.

На почеток