Серена Вилијамс го откажа учеството на Австралија опен

Од
Објавено на

Серена Вилијамс потврди дека нема да учествува на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен. Седумкратната шампионка вели дека не е физички подготвена да се натпреварува на турнирот.
„Следејќи ги советите на мојот медицински тим решив да се повлечам од Австралија опен. Не беше лесно да се донесе оваа одлука, но свесна сум дека не сум доволно физички подготвена за да се натпреварувам во Мелбурн“, изјави таа.
