ВМРО-ДПМНЕ утре одржува конгрес на кој се се знае однапред, вели СДСМ

Од
Објавено на

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е стара нереформирана партија, СДСМ постојано се менува и подобрува, вели СДСМ.
„Во СДСМ утре се одржуваат избори за претседател со тројца кандидати, а претседателот го бираат членовите партијата. Тоа е врв на демократија незамислива за ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ утре одржува конгрес на кој се се знае однапред, таму има само еден кандидат а одлучуваат само инсталациите на Груевски.
Тоа е огромна вредносна разлика помеѓу демократскиот одговорен пристап на СДСМ и режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.
