Македонија

Проектот „недела неработен ден“ нема да ги спаси граѓаните од сиромаштијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ 4 години ветуваат еден единствен проект за недела неработен ден, а во реалноста работниците тонат во сиромаштија. Поради неспособноста на власта стандардот на граѓаните тоне од ден во ден, инфлаторната спирала расте, цените на производите во продавниците секој ден се покачуваат, а платите се трошат уште на самиот почеток на месецот. Тешко на економијата и на граѓаните со власт чиј единствен проект во време на ваква криза и е недела неработен ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ете оваа реалност власта на СДСМ и ДУИ не сака да ја види, а која им е многу поважна и на работниците, но и на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ не е против неделата како неработен ден, но смета дека власта треба искрено да им каже на граѓаните дека ова решение кое го нуди опфаќа преку 40 исклучоци, што значи не ги опфаќа сите вработени“, се вели во соопштението.

На почеток