Македонија

Фатени седум лица без сертификат во ресторани во Тетово

На 11.12/12.12.2021 во времето од 21.00 до 02.00 часот од полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршена е контрола во 12 угостителски објекти на гостиварското подрачје во кои што се откриени шест лица кои биле во истите без да поседуваат сертификат за извршена вакцинација и едно лице кое приложило сертификат од друго лице. Три од угостителските објекти се времено затворени од Државен пазарен инспекторат. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На почеток