Македонија

Арачиновци криумчареле мигранти од Авганистан

Полицијата откри тројца мигранти од Авганистан во возило во близина на тунелите кај Демир Капија. Возачот и сопатникот се уапсени.

Според информациите на МВР, вчера во 21,45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на тунелите кај Демир Капија, од страна на полициски службеници при даден знак за запирање на автомобил „опел астра“, возачот не застанал и продолжил со движење кон Скопје, а кај клучка Демир Капија се упатил кон село Корешница, каде застанал.

Во возилото биле пронајдени три лица од Авганистан. По преземени мерки, биле приведени Д.Р.(18), кој го управувал возилото и Е.Ј.(21), кој бил сопатник, двајцата од Арачиново, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток