После 25 години, набавени 15 возила со снежен плуг и солар
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните да ја следат временската прогноза и да избегнуваат да одат на повисоките места доколку се најавени обилни врнежи на снег.
– Што се однесува до чистењето на снегот, нашите капацитети како држава се ограничени, но после 25 години, пред неколку дена првпат се набавени 15 возила со снежен плуг и солар, со што е подновен возниот парк на ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта. Исто така се набавени и три машини таканаречени утоварувачи коишто се користат при чистење на снег. Дел од возилата на ЈП за одржување на патиштата се застарени, некои се расипуваат на самото место, доаѓа до дефекти и тие застануваат чистејќи го снегот, потоа таму треба да биде испратена екипа која ќе ги поправи тие возила, наведе Ангелов.