Не е лош стопан државата, туку корумпирани луѓе изгласани на клучни позиции, вели Јованов


Тамара Јованов, сопруга на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, се огласи на совијаните мрежи во врска со приватизацијата на итната помош.
“- Ало, добар ден, ве молам едно возило пратете на Ленинова ХХ, итно е, татко ми изгледа доживеа удар…
– Во ред, уплатете прво 100 евра на сметка.
…тишина (нема пари за да уплати, ко и 90% од народот)…
– Епа, ајде не мора ако не, најверојатно ќе умре и така и така.”
Кога една државна институција не функционира, решението НЕ Е ПРИВАТИЗАЦИЈА преку продажба на луѓе блиски до власта, туку решавање на пречките поради кои не функционира: евалуација, разрешување на директори и ставање на вешти луѓе на позицијата, контрола, правна одговорност, затвор… за да не се повторува.
Не е лош стопан државата, туку корумпирани луѓе кои се изгласани на клучни позиции!!!“, стои во објавата.
