Македонија

За првпат во Македонија ќе се доделат оскари за жени во спортот

На гала-вечер насловена „Вечер за жени во спортот“ која ќе се одржи утревечер (20 декември) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, за првпат во Македонија ќе бидат доделени спортски оскари. Организатор на настанот е Здружението „ТАКТ“.

– На оваа свеченост е предвидено да се слави успехот, најдобрите спортски постигнувања на жените спортистки во 2018-та година, во вкупно 13 категории. Целта настанот е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Република Македонија, да се актуализира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни во спортскиот сектор, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.

Нагласи дека со статуетките кои ќе се доделат ќе им се оддаде признание на силата,инспиративноста и моќта на жените.

Настанот го организира граѓанската организација „ТАКТ“ а поддржувачи на настанот се Стејт Департмент САД и Амбасадата на кралството на Шведска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток