(ВИДЕО) Децата од „Дајте музика“ имаа прва проба во Париз
Од
Објавено на
Децата од „Дајте музика“, што ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг, денес ја имаа првата проба. Тие на големата сцена во Париз ја испеаја нивната песна „Грин форсес“.
Видеото за неполн час има преку 6000 прегледи на Јутјуб, а фановите не кријат дека песната им е меѓу омилените оваа година.
Песната е на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков.
Јуниор Евросонг ќе се одржи во недела, на 19 декември.