Македонија

Следната година ќе се примат криминалисти во МВР

„Многу е важно кога има корелација помеѓу науката и практиката и затоа односите помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност се на едно многу високо ниво, во кое што заеднички работиме во надградбата на капацитетите и на студентите меѓутоа и на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, заради тоа што навистина 2021 и 2022, како години, се години во кои што голем број на колеги заминуваат во пензија. Значи се отвораат работни места. Затоа и најавив дека 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот за чување на човековите права на демократските вредности на државата“, најави министерот Спасовски пo завршувањето на денешната свечена церемонија по повод промоцијата на дипломираните студенти од генерацијата 2021 година на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето од новинарите, пак, колку студентите се подготвени со знаење кога доаѓаат на работа во Министерството за внатрешни или пак учат и од повозрасните колеги, министерот Спасовски истакна дека знаењето кое што тие го стекнуваат низ процесот на едукација на факултетот е пресудно за нивните ангажмани, додавајќи: „Секако дека пренесувањето на знаењето во практичниот дел од повозрасните колеги ќе биде само нивно надоградување во тоа што значи одлични професионалци кои што ќе работат во Министерството за внатрешни работи и најважно – професионалци со интегритет. Тоа се тие би рекол важни одлики кои што треба да ги има секој еден припадник на македонската полиција“.

На почеток