(ФОТО) Се бара ослободување на Генерал Стојков
Од
Објавено на
На фејсбук страницата „Македонски Лавови“ вечерва беше објавена фотографија од Генерал Мајор Горан Стојков.
Тој е поранешен командант на „Лавовите“, а денес попладне беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување.
Во коментарите на фотографиите корисниците на социјалната мрежа бараат негово ослободување, и велат дека додека македонските бранители лежат по затвори, оние од УЧК се вработени во собрание и земаат плати.
Тој претходно беше пуштен од затвор во 2016 година откако ја одлежа затворската казна за „Шпион“.