СДСМ ги остави општините низ државата и градот Скопје во долгови, вели ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ ги остави општините низ државата и градот Скопје во долгови, а проектите се нецелосни, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Скоро сите општини низ Македонија и во градот Скопје се во долгови.
Проектите со кои Шилегов и СДСМ сакаат да се фалат се нецелосни.
Мостот во Аеродром не е мост. Тој нема пристапни улици, и наместо продолжување во булевар, завршува во дневма соба.
Мостот во Аеродром кој не е ниту завршен, не води никаде.
Сите проекти кои Шилегов ги започна се фалични.
БРТ системот е нефункционален и затоа е запрен. Шилегов и СДСМ со тој проект го загрозуваат снабдувањето со вода на цело Скопје. Според планираното автобусите би поминувале над главната водоводна цевка, која не е дополнително заштитена и може да дојде до сериозни хаварии.
Скопје има потреба од функционални решенија, а не од скапи кредити и неиспланирани работи“, се вели во соопштението.
