Македонија

Несериозно е со месеци да не остават без судии, вели Кацарска

Изборот на тројца судии заглави, бидејќи е блокирана работата на собраниската Комисија за избори и именувања, откако БЕСА го напушти парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Претседателката на Уставен, Добрила Кацарска, за Фокус вели дека крајно несериозно е да се остави судот да работи со шест судии.

–Крајно несериозно е со месеци да не остават без судии. Со заминувањето на Јосифовски ќе останеме петмина, ќе можеме да одлучуваме, но тоа ќе биде оневозможено доколку отсуствува само еден судија. Исто така, поинаку е кога сме девет судии. Згора на се, ќе бидеме блокирани да одлучуваме за предмети за кои е потребно двотретинско мнозинство, појаснува претседателката Кацарска за “Фокус”.

Таа додава дека токму поради тоа и се уште не е одлучено по Указите.

–Секој предмет си има своја тежина, но Указите се особено тешки. Затоа не е исто кога за нив одлучувале шест наместо девет судии. Има повеќе тежина доколку одлучуваат сите судии, односно особено е важно во дискусијата да учествуваат сите деветмина. Можевме да гласаме и шестмина, и сите да сме усогласени, но тоа не е тоа. Поинаку е да гласале деветмина, па макар и тројца спротивно од останатите. Затоа указите не беа ставени на дневен ред, на пример Указот за Преспанскиот договор, ни изјави Кацарска.

Целиот текст может да го прочитате тука

На почеток